Почеток
09.02.2010
Симболи на Универзитетот се: грб, знаме и химна.
 
Грб на Универзитетот Знаме на Универзитетот Плакета

Грбот на Универзитетот е со тркалезна форма. Во средината е училиштето во Ново Село - Штип, каде што Гоце Делчев учителствувал (Ректорат на Универзитетот „Гоце Делчев“ - Штип), во горниот дел од кругот е испишан текстот: Универзитет „Гоце Делчев“, а во долниот дел: Штип.

Употреба на грбот, знамето и химната

Со грбот, знамето и химната се претставуваат Универзитетот и единиците на Универзитетот. Грбот на Универзитетот се употребува на знамето, дипломите, плакетите, признанијата, меморандумите, изданијата на Универзитетот, како и на пригодни ковани пари, што се издаваат по повод јубилејни прослави на Универзитетот и друго.

Знамето на Универзитетот е во правоаголна форма, во бордо боја, со златно-жолти реси на рабовите. Во средината е грбот на Универзитетот во златно-жолта боја. Во долниот дел од знамето, во два реда по неговата должина пишува: „Јас го разбирам светот, единствено, како поле за културен натпревар меѓу народите“.

Знамето на Универзитетот стои постојано истакнато на објектот на Ректоратот на Универзитетот.

Знамето на Универзитетот се истакнува пред објектите на единиците и пред објектите на придружните членки на Универзитетот, по повод патронатот на Универзитетот, прослави, свечености и други активности, кои се од значење за Универзитетот, а може да се истакне и при одржување на меѓународни универзитетски средби, натпревари и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири, како и при спортски натпревари и други спортски активности на Универзитетот.

Универзитетски признанија

Со посебна одлука на Универзитетскиот сенат се востановува: плакета, повелба, благодарница, пофалба и други признанија и награди на Универзитетот, кои се доделуваат на заслужни поединци, правни лица или институции, кои со својата работа придонесле за развојот и афирмацијата на Универзитетот, како и за развој на научната мисла, а на студентите за постигнатиот успех во студирањето

 

Универзитетски инсигнии Одора Химна

Универзитетските инсигнии се состојат од меѓусебно поврзани гравури кои ја симболизираат културата на регионот во кој делува Универзитетот во Република Македонија.

Универзитетските инсигнии ги носат: ректорот и проректорите на Универзитетот, како и деканите, односно директорите на единиците на Универзитетот, на прослави, промоции и други свечености на Универзитетот и единиците на Универзитетот, или на други национални и меѓународни манифестации.

На Универзитетот се установува одора за: ректорот, проректорите и деканите, односно директорите на единиците.

Одората се носи при промоции, прослави и други свечености на Универзитетот и на единиците на Универзитетот, или на национални и меѓународни манифестации.

Поблиски одредби за изгледот, употребата на симболите и другите обележја на Универзитетот донесува Ректорската управа.

Gaudeamus (текст)

Химната на Универзитетот е свечена песна, посветена на улогата и значењето на Универзитетот.

Химната на Универзитетот се изведува на прослави, промоции и други свечени и спортски манифестации на Универзитетот, на единиците и на придружните членки на Универзитетот, при меѓународни универзитетски средби и други собири во согласност со правилата и практиката на одржувањето на тие собири.

Химната се изведува со свирење, со пеење или комбинирано.

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

 

Прв циклус на студии

Правилник за прв циклус на студии 

Втор циклус на студии

Правилник за втор циклус на студии

трет циклус на студии

Правилник за трет циклус на студии

Трошоци за прв циклус на студии

Трошоци за втор и трет циклус на студии

ЕКТС - водич

Универзитетски книжарници

Издавачка дејност

Меѓународна соработка

The top 200 world universities

Универзитетски проекти

Универзитетски спортски центар

Универзитетски културен центар

Рекреативно-угостителски центар